Добитници - Заедно за климатска акција
  • македонски јазик
  • Shqip

добитници

Ивана Батев од Маркова Сушица, Скопје

Краток опис за секоја одбрана практика

Нашата куќа ја направивме сами од конструкција на веќе постоечка монтажна барака која ја расклопивме и склопивме одново, надвор од градот. Во неа живееме веќе 14 години.

Не сме приклучени на електрична мрежа, домот се пои со соларна енергија. Тоа нѐ учи да штедиме и да бидеме поврзани со циклусот на природата.

Ја користиме дождовницата како техничка вода, а полниме и пиеме изворска вода од соседното село.

Тој начин на живот е една дисциплина во свесното користење на енергија, во себе и околу себе. Внимаваме колку земаме, колку создаваме и колку оставаме.

Органскиот отпад го компостираме во природа, а се храниме најмногу растително, колку може локално. Ако јадеме риба, таа е уловена од нас во совесни количини и складирана да трае.

Внимаваме кога купуваме да е тоа на мерење, или од пазар, за да намалиме колку можеме на пластика за една употреба. Изборот на производи што ги купуваме се основа на тоа што помалку беспотребно да е спакуван производот, или колку може тоа пакување да се реупотреби.

Нашиот off grid живот е со некоја намера што понежни да бидеме со светот, да одржиме свесна рамнотежа меѓу тоа што земаме и тоа што трошиме.

Краток опис за секоја одбрана практика
Дома селектираме отпад и го депонираме во контејнерите на Пакомак и Нула Отпад, маслото за готвење исто го рециклираме.

Купуваме во големи количини за да одбегнеме непотребно фрлање на пластика, стакло, метал, одбегнуваме користење пластика за еднократна употреба и никогаш не земаме пластични ќеси за пазарување.

Користиме соларна енергија во сончевите денови, ги има мнигу фала богу, возиме велосипеди скоро секаде. Се тушираме заедно, собираме дождовна вода.

Купуваме локална органска храна колку што е возможно повеќе, старата облека ја донираме или организираме маалска распродажба.

Садиме дрвја, собираме ѓубре, едуцираме деца не само нашите, пријавуваме неправилности и загадувачи и бараме одговорност и од институциите.

Драгана Карашова од Охрид

Драгана Карашова од Охрид

Драгана Карашова од Охрид

Драгана Карашова од Охрид

Драгана Карашова од Охрид

Драгана Карашова од Охрид

Драгана Карашова од Охрид

Драгана Карашова од Охрид

Драгана Карашова од Охрид

Краток опис за секоја одбрана практика
Обезбедувањето на храна за птиците, е чекор кон зачувување на био-диверзитетот.

Пластичните кеси употребуваат природни ресурси – фосилни горива за производство, а по само една употреба завршуваат како смртоносен отпад во депониите и океаните.

Селектирањето е чин на одговорност кон животната средина,
субјективно влијае врз здравјето, а објективно ја заштитува околината и природата, возењето велосипед не предизвикува еколошка штета, го промовира здравјето преку физичка активност и е економично, како за корисникот, така и од аспект на јавниот сектор.

Просечните емисии на CO2 при употреба на автомобил е во просек на 125,65 g CO2/km. Во Скопје просечно се возат над 5 км во еден правец, што дневно би ослободиле над 1кг емисии помножено по секој поединечен корисник, дневните одлободени штетни честички се значаен фактор кон загадувањето.

Градежниот сектор, рударството, со каменоломите се одговорни за повеќе од 61% од вкупниот отпад. Тоа значи дека ископаната почва, отпадот од уривањето, бетонот, тулите, агрегатите и др. претставуваат најголем дел од отпадот тули имаат животен век повеќе од 200 години.

Еколошки позитивни материјали, бидејќи не бараат хемикалии или долг процес на производство климатско- одговорно проектирање е клучно во борбата против климатските промени. Визиите на архитектот се реалноста што ја живееме разбирање на локалната клима, култура и контекст е прв чекор кон зачувување на природата и околината

Поддршката на локалните пороизведувачи е подршкна на локалната екомоија, добивање на поздрава и посвежа храна и минусрање на транспортот и CO2 емисии.

Со компостирањето се намалуваат емисиите на метан од депониите
и се задржува јаглеродот во почвата, помагајќи да се намалат емисиите на стакленички гасови.

Садењето диви цвеќиња во вашата градина обезбедува витални ресурси за поддршка на широк спектар на инсекти кои инаку не би можеле да преживеат во урбани или населени области.

Ова се само дел од практиките и навиките кои свесно ги развиваме секојдневно со цел на намалување на јаглеродниот отпечаток и одржливост во домаќинството.

Краток опис за секоја одбрана практика
ХРАНА–Произведувам 10 год. храна по биолошки методи без грам хемија и механизација, користам сопствен компост и био ензим како и препарати од билки за течни ѓубрива и заштита. Малчирам и правам перма леи.

ВОДА- користам сурова подземна вода од сопствен бунар што за потребите на градинарењето и за други потреби ја извадивме од длабочина на 9 метри во сопствениот двор.

РЕЦИКЛИРАМ- секоја производна сезона одново произведувам нови садници од стари сорти за кои семињата ги добивам во размена со пријатели од регионот и пошироко при што користам разни рециклирани амбалажи и по повеќе години истите.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЛНО ПРОИЗВЕДЕНА ХРАНА- Моето домаќинство и неколку фамилии користиме исклучиво локално произведена храна по моите биолошки модели без хемија и механизација.

ЗАШТЕДА НА ПРИРОДНИ РЕСУРСИ- со малчирањето на обработливите површини и со подигањето на перма лаички во значителна мера се врши заштеда на природните ресурси.

ПОТРОШУВАЧКИ НАВИКИ- Нема сомнение, потрошувачките навики на моето семејство значително се променети и свртени наместо кон маркетите кон нашата ЕКОградина.

Даница Младеновска од Берово

Даница Младеновска од Берово

Даница Младеновска од Берово

Даница Младеновска од Берово

Даница Младеновска од Берово

Краток опис за секоја одбрана практика
1. Пренамена и реупотреба на мебел (се елиминира големо количество отпад, се стекнуваат вештини и се добиваат нови парчиња мебел бесплатно).

2. Е-отпад – освен подолго користење електронски и електрични апарати, што помага да се избегне непотребен отпад, многу е важно неупотребливите апарати да се предадат на фирмите кои рециклираат е-отпад. Се штедат ресурси, се штеди планетата!

3. Селектирање пластика, хартија, метал и органски отпад, затоа што ништо од нив не треба со сила да го испраќаме на депониите.

4. Елиминирање хартиени бришачи за кујна и пластични кеси, користење платнени торбички за овошје и зеленчук. Пластичните кеси се еден од најголемите проблеми што ги имаме, а хартиените бришачи се поодржливи затоа што се реупотребливи.

5. Локална храна која не бара многу ресурси и енергија за приготвување

6. Транспорт – отфрлање на автомобилите и фокус на велосипедите

7. Тоалетни производи (картонска амбалажа – сапун и шампон), други тоалетни производи можат да се направат и дома без хемикалии, избегнување на залудно трошење вода.