Јавен конкурс на тема „Зелена урбана инфраструктура“
Учествувај во јавниот конкурс на тема „Зелена урбана инфраструктура“ и добиј една од вредните награди!
Пополни ја пријавата со твоите лични информации и прикачи фотографија со краток опис од:
- твојата зелено уредена тераса,
- твојот зелено уреден двор.
Право на учество имаат сите граѓани на Р. Северна Македонија.
По завршување на јавниот конкурс комисијата ќе избере тројца добитници.
Критериуми за избор:
- најмногу различни видови растенија;
- присутни видови што поддржуваат урбан биодиверзитет (пчели, птици, пеперутки);
- видови отпорни на климатски промени или автохтони видови;
- функционална корисност.
Конкурсот трае од 22 март до 14 мај 2023 г.
Фотографирај и пријави се!
Прогласување на победниците на фотоконкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“ на 21 мај во 12:30 часот, Дино паркот во Скопје!


ОПШТО ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ има цел да даде поддршка на силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија.
Проектот го реализира Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.
За повеќе информации следете ги веб страните www.ekosvest.com.mk, www.cnvp-eu.org и www.myla.org.mk

Организатори
Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ е здружение на граѓани основано во 2002 година. Мисијата на „Еко-свест“ е да истражува, информира и дејствува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина. „Еко-свест“ поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции. Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество, каде што здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе ЦНВП (CNVP) е холандска фондација основана во 2012 година, која преку подружници работи и дејствува на Балканот. Фокусот на ЦНВП е подобрување на егзистенцијата на руралното население преку обезбедување квалитетни услуги во шумарството, руралниот развој, животната средина и биомасата како обновлив извор на енергија, со цел да се зголеми на капацитетот на локаните актери во правец на обезбедување одржлив развој. Мисијата на ЦНВП е заложби во делот на заштита на животната средина, борба против климатските промени, управување со природни ресурси, шумарство, развој на организациски капацитети и одржување на зелен економски раст за подобрување на квалитетот на животот за руралното население.

правила за учество во јавниот конкурс
често поставувани прашања
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВАМ?
Пријавувањето може да го направите со пополнување на формата на самата интернет-страница и со прикачување на панорамска фотографија од уредениот двор, тераса или покривна градина која ги исполнува критериумите на конкурсот.
КОИ СЕ ПРАВИЛАТА ЗА УЧЕСТВО?
Правилата за учество може да ги проследите во делот Правила за учество во јавниот конкурс.
ШТО СЕ НАГРАДИТЕ?
Наградите се :
прво место – електричен велосипед,
второ место – електричен тротинет,
трето место – велосипед.
Секој добитник на прво, второ и трето место ќе добие и дополнително сет за складирање на храна и градинарски сет.
КОИ СЕ КРИТЕТИРУМИТЕ ШТО ТРЕБА ДА БИДАТ ИСПОЛНЕТИ?
Критериуми за избор што треба да бидат исполнети:
– најмногу различни видови растенија;
– присутни видови што подржуваат урбан биодиверзитет (пчели, птици, пеперутки);
– видови отпорни на климатски промени или автохтони видови;
– функционална корисност.
1. Употреба на разновидни растенија (при уредување на зеленилото во дворовите и балконите, било обрнато внимание на тоа да се засадат различни видови растенија).
2. Присуство на видови што поддржуваат урбан биодиверзитет (пчели, птици, пеперутки).
Видови што овозможуваат услови за разновидни форми на живот во урбаните/градските средини, на пример обезбедуваат услови за живот на пчели, птици, пеперутки, верверички и слично. Урбаниот биодиверзитет е значаен дел од урбаните екосистеми без кој тие нема да опстанат.
3. Употребени автохтони видови растенија и климатски отпорни видови растенија.
- Автохтони („домашни“) видови растенија се растенија што потекнуваат и природно растат на подрачјето на Македонија, приспособени на постојните услови за раст (клима, почва, влага и др.).
Важни се за да се одржи стабилноста на постојниот екосистем, во кој егзистираат во хармонија со други видови и се дел од нивниот животен циклус. Со други зборови, многу растителни и животински видови го имаат приспособено својот начин на живот на автохтоните видови и без нив тие не би можеле да преживеат. - Климатски отпорни видови растенија: порастот на температурите и долготрајната суша се само дел од проблемите со кои треба да се соочат нашите урбани растенија. Ако знаеме дека може да очекуваме продолжени сушни периоди, мора да садиме видови што не бараат многу вода и можат да толерираат високи температури, во исто време овие видови да се автохтони, „домашен“ вид на растенија и дрвја што може да функционираат и да се приспособат на домашните климатски услови.
- Правилен избор на растенија според местото на засадување во градината (местото каде што е засадено растението ги исполнува основните услови потребни за негово растење/опстанок, како на пример: директна сончева изложеност, сенка, полусенка, ветер и сл.).
4. Функционална корисност на уредената површина (поради намален простор во градот секоја зелена површина мора да врши повеќе функции – да служи како сенка, да апсорбира вишок вода, да разладува кај топлотните острови).
ДО КОГА Е РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ?
Рокот за пријавување и земање учество на јавниот повик трае до 14.5.2023 година.

галерија на слики од учесници
